ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА РАДИО КАНАЛ 77 ПО НАЈАВИТЕ НА ДЕКА ЌЕ МУ БИДЕ ЗЕМЕНА ЛИЦЕНЦАТА: Ова е притисок за нашиот критицизам кон владата, нема никакви неправилности во нашата работа!!!

0
1308

Фирмата основач на „Канал 77“, „ГБЦ комуникации“ ја има истата дејност како и во 1998 година и за сите овие години ја нема променето.

Screenshot_15

До сега немало никакви законски пречки, затоа чуди ваквиот однос на Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги, која одеднаш се заканува со одземање на дозволата за работа. Во 2013 година, ГБЦ комуникации по барање на тогашниот Совет за радиодифузија  достави дополнителни докази, според кои беше потврдено дека нема медиумска концентрација. Неполни две годни подоцна, овој делумно изменет состав на Агенцијата го менува решението. Приходите од маркетинг не надминуваат 30 отсто, за што радиото ќе достави докази.

Овој однос, „Канал 77“ го смета за директен притисок врз критичкиот однос на медиумот кон власта, кој го негува во своите 23 години постоење, без оглед која партија била на власт. Притисокот е  особено изразен последните две-три години. Ќе потсетиме дека Македонија е под засилен мониторинг на меѓународниот фактор  за одност на власта кон медиумите, особено по извештајот  на Прибе. Агенцијата за аудио и аудио визулени услуги, која по закон е независно тело,  со ваквиот однос може лесно да стане алатка на власта во замолчување на независното новинарство. 

ГБЦ Комуникации