Ел Чека го поплави интернетот со аудио БОМБИ за ДУИ и Ахмети

0
2064

Се множат клоновите на Ел Чека кои објавуваат бомби за функционерите на ДУИ.

Профили кои го користат истиот прекар и неговата фотографија од ноќеска објавуваат прислушувани разговори за ДУИ и Али Ахмети.

Во последниот објавен Ел Чека зборува за случајот со Харун Алиу, кој беше убиен во камион полн со оружје во близина на косовската граница. Ел Чека од новиот профил тврди дека Алиу бил убиен откако предходно во престрелка бил убиен македонски полицаец.

Барањето на македонското МВР до Фејсбук за блокада на профили од кој се објавуваат бомби засега не се спроведуваат.