ЕКСКЛУЗИВНО: Изборот на Катица Јанева внесе паника во редовите на ДПМНЕ, режимот почна со притисоци кон вработените во образовнието и администрацијата!

0
1122

dpmneuniverzalna

Изборот на специјалниот јавен обвинител внесе паника во редовите на владејачката партија. Деновиве по општинските комитети се врши мобилизација на активистите, се вршат притисоци кон пасивни членови да се вклучат во партиска агитација, фрчат закани кон вработените во админситрацијата, посебно кон оние кои се вработени во образовните институции, дознава Мактел.

Оваа засилена партиска активност, својствена за предизборен период, според добро упатени извори во состојбите во ДПМНЕ е резултат на пораката која ја испрати изборот на Катица Јанева – Груевски е ранлив, странците му го вртат грбот, може да заврши во затвор и партијата без него да се појави на избори! Ова се одразило демотивирачки кај членовите на ДПМНЕ, поради што деновиве е започнато со силна партикса агитација и притисоци.

Учителка од Штип, која сеуште чека решение за редовен работен однос, за Мактел вели дека е принудена секој ден по работа да оди во општнскиот комитет на ДПМНЕ од каде добива списоци со семјества кој треба да ги посети и да уврди дали се задоволни од владеењето на Груевски, што им фали, какви проблеми имаат – активности кои вообичаено се спроведуваа на еден месец пред изборите. Иста е состојбата и уште во неклку месета во источна Македонија – изборот на Катица Јанева им отвори дополнителна работа на вработените во градинките, основните и средните училишта.

Како што е веќе познато и од претходните изборни циклуси, повторно најинструментализирана категорија на буџетари за партиски цели на ДПМНЕ се вработените во образованието.

Според извори на Мактел во ДПМНЕ, оваа преуранета активност на владејачката партија претставува очаен обид да се компензира и парализира во тек на неколку месеци со засилени партиски активности, пред почетокот на изборите, демотивацијата на членството кое соочено со веројатноста на избори да се излезат без лидерот Груевски.