МОНТИ ПАЈТОН СЕ МАЧКИНА КАШЛИЦА ЗА ОВИЕ: МИЦКОВСКИ И СЕ ПОЖАЛИЛ НА МОГЕРИНИ ДЕКА СДСМ МНОГУ СПОРО ГО ДЕМОНТИРА РЕЖИМОТ НА ГРУЈО!

0
1566

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини изразил загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми, соопшти партијата.

Мицкоски и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ разговарале за стратешките приоритети на Македонија, а тоа е полноправното членство во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ изразив загриженост поради неисполнувањето на реформите било на планот на правосудството, било на планот на образованието и економските форми“, изјавил Мицкоски.

Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев денеска се сретнаа и еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан, европратениците Андреј Ковачев, Кнут Флекенштајн и генералниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Антонио Лопез Истуриз.