ЕКСКЛУЗИВНО – БОМБА НА ПЛУСИНФО : Прва фотографија на македонската РЕЖИМСКО БУЏЕТАРСКА паравојска „патриоти“!?

0
4561

Редакцијата на Плусинфо ексклузивно дојде до фотографија на која се гледаат четири лица облечени во црни униформи и беретки, на кои има амблеми со натписот „патриоти“.

Лево на фотографијата е директорот на прилепската гимназија Кирил Николовски, кој деновие ги принудуваше гимнзијалците да одат на протестите за одбрана на режимот.

Останатите три лица не ни се познати, како и тоа, дали оваа конкретна група е вооружена или не.ММ1

Инаку, од безбедносни извори дознаваме дека со посебна Наредба од тројца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ дадено е зелено светло за специјалните единици „Тигар“ и „Волк“ да облечат полициска униформа и да започнат со оперативни дејствија.

Се подготвува ли раководството на ВМРО-ДПМНЕ да формира паравоени формации, со цел да ги спречи СДСМ и ДУИ да формираат влада? Во јавноста сè повеќе се шират гласини дека наскоро може да се очекува и такво сценарио, а дека постои идеја за обновување на единицата „Лавови“, потврди и Тони Михајловски, член на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).