АКО ЕУ ОСТАНЕ ПАРАЛИЗИРАНА ПОРАДИ БУГАРСКОТО ВЕТО, ЌЕ БАРАМЕ АЛТЕРНАТИВИ СО САД, ПЕНДАРОВСКИ: ПОКАЖАВМЕ ГЕСТОВИ НА ДОБРА ВОЛЈА КОН БУГАРИЈА НО НЕМА ДА ПРЕГОВАРАМЕ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ

0
1640

Претседателот Стево Пендаровски искажа став дека Северна Македонија мора да бара алтернативи доколку продолжи понатаму блокадата на Бугарија, а ЕУ го држи под мраз проширувањет. На панел-дискусијата на тема “Триесет години независност и евроатлантските перспективи на Република Северна Македонија” во организација на невладината организација Еуропроспера, Пендаровски рече дека треба да ја донесеме Европа дома, но поважно е да динамизираме договорот за стратешко партнерство со САД од 2008 година. Ако продолжи спорот со Бугарија, мораме да бараме алтернативи.

Пендаровски говореше за неуспехот на процесот на проширување, за принципот на консензус како причина за блокадите во ЕУ и парализираност во носењето брзи одлуки.

“Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус. Без измени на тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Тоа доведува и до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ што е поразително” – рече Пендаровски.

За блокадата од Софија, Пендаровски повтори дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, тогаш не ни e потребна ЕУ.

“Сѐ што можеше од наша страна да биде понудено како гест на добра волја, а што не излегло од рамките на едно резонско разговарање и преговарање за битни аспекти на билатералните односи со Софија, беше понудено. Не можеме да влеземе во идентитетскиот комплекс и ако некој очекува дека по јули или август ќе го направиме тоа, се лаже“ – резимираше Пендаровски.