ДРАМА ВО СУДНИЦА, СИТЕ СЕ РАСПЛАКАА: ГРУЈО МОРАЛ ДА ЈАВА НА МАГАРЕ, СИТЕ ВОЗИЛА ВО ВЛАДАТА БИЛЕ КАКО ВОЗИЛОТО НА МАМЛИ, ЗАТОА МОРАЛО ДА МУ КУПИМЕ ЛИМУЗИНА ОД 600 000 ЕВРА КАКВО ШТО НЕМА ВО ЦЕЛА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА!

0
2233

Вупно 11 сведоци на предлог на Никола Груевски и на неговите адвокати денеска сведочат во судницата на Кривичниот суд во случајот „Тенк“.

Како сведоци се појавуваат луѓе од обезбедувањето на Груевски, личниот возач, возачите на другите возила од колоната со обезбедување, лицата што вршеле проверка за експлозиви, за антитерористичка заштита….

Сите наведува дека старите блиндирани автомобили биле често во дефект и небезбедни.

Еден од нив кој од 2006 година бил дел од обезбедувањето на Груевски раскажа и случки во таа насока. Сведокот кажа дека еднаш им се случило на автопатот Велес-Скопје да им откажат кочниците, а внатре бил и Груевски.

– Имаше и друга случка во градот. Јас возев зад главното возило во кое се превезува премиерот, но среќа тој не беше во возилото. Воланот на тој мерцедес се закочи и удри во ограда на една куќа кај американската резиденција. Искрши три-четири столбчиња – рече сведокот.

И четвртиот сведок на денешното рочиште за „Тенк“ кој бил вработен во одделот за обезбедување на ВИП личности при МВР сведочеше за дефекти на возилото со кое се возел поранешниот премиер Никола Груевски пред да биде купен луксузниот мерцедес.

-Возилата со кои располагаше одделот за обезбедување беа прилично стари, изамортизирани кои дури и од претходните власти беа тргнати од употреба и не ги возеа. Кога јас пристапив, возилото мерцедес ,,ЕС 500“ произведено 1993 година беше во гаражите на Владата, не беше употребувано ни од страна на претходниот премиер. Тоа го увидиме од тоа што делови од подвозието беа зарѓени. Поради тоа што немаше друго возило за користење и обезбедување на ВИП личности, интервениравме и возилото беше од старт однесено на сервисирање. Беа дијагноатицирани низа недостатоци. Имаше направено отприлика 100.000 километри. Ако јас се прашувам уште тогаш требаше да биде ставено наддвор од употреба и да биде набавено соодветно возило – рече сведокот.

И тој зборуваше дека старото возило со кое се возел Груевски често било во дефект, а посочи и конкретни ситуации.

– Враќајки се од браната Злетовица се заглави менувачот во втора бриза и не можевме да го возиме. Нашиот командир мораше да преземе мерки и да го префрлиме ВИП лицето во обично неблендирано возило. Со тоа го доведе во опасност животот на премиерот и си презема голема одговорност на себе само за безбедно да го превеземе премиерот до Скопје. Поради овие причини јас како возач на премиерот, потоа командирот Дејан Митревски Урко и останатите колеги кои имаа допир до премиерот постојано му сугериравме дека е неопходно да се набави возило со што не би се довела во прашање неговата безбедност, и не би се довела во прашање нашата одговорност. Ние како службени лица овластени и доделени од МВР имаме одговорност пред законите на РМ, господинот Груевски како претседател на Владата безбедно да го транспортирање и да го обезбедиме максимално неговиот живот – рече сведокот.

Во судница сведочеше и личноот возач на Груевски чие сведочење исто така беше во насока да се укаже дека имало потреба од набавка на ново блиндирано возило.

– Имавме проблем со гумите. Шасијата беше пукната. Моравме да ја заваруваме. Потоа откажуваа амортизерите од кои еден чини 5.000 евра. Имавме проблем со климата која постојано ни откажуваше. Сугериравме дека возилото не е за користење за да ни се најде соодветна замена. Возилото беше употребувано и покрај тие проблеми се додека не најдевме друго возило, замена. Меѓутоа и таа замена што ја земавме (блиндираното возило на МВР) исто се соочуваше со технички и механички проблеми – рече личниот возач на Груевски.

И двајцата посочија дека новиот мерцедес бил користен и за странски делегации.

Маријан Тушевски е вториот од вкупно 11 сведоци кои денеска се во Кривичниот суд да сведочат за блиндираниот мерцедес во случајот „Тенк“ по предлог на адвокатите на Никола Груевски.

Тој бил возач на блиндиран џип, а бидејќи не може секој да вози блиндирано возило тој неколку пати до сервис го возел и стариот мерцедес на Груевски.

– Во неколу наврати го носев на сервис ВИП возилото блиндиран мерцедес. Ако тоа беше во дефект Груевски требаше да се префрли во џипот. И тој беше во лоша состојба. Кога ќе го однесев на сервис ВИП возилото мерцедес во еден наврат мајсторите од сервисот ми рекоа: ,,Уште ли ја користите оваа канта“, затоа што стално имаше дефекти – рече сведокот.

Тој рече дека поради годините и амортизацијата двете блиндирани возила, стариот мерцедес и џипот, често завршувале на сервис.

– Знам дека се купи нов мерцедес по потреба. Кога беше дефект старата блинда, тогаш се возеше новиот мерцедес и се користеше и за странски делегации, како на пример господинот Бан КИ Мун се возеше во него. Тогаш слушнав дека има купено нов блиндиран мерцедес – рече Тушевски.

Исказот и на овој и на претходниот сведок предложени од одбраната се во насока на тоа дека набавката на мерцедесот била неопходна.