ЕВАКУИРАНИ СЕ СИТЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД АВГАНИСТАН, ЗАЕВ: ИМ ИЗРАЗУВАМ БЛАГОДАРНОСТ НА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ ВО ОВАА МЕЃУНАРОДНА ХУМАНИТАРНА МИСИЈА

0
765

“Сите македонски граѓани се извлечени, продолжуваме со спасување на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан.

Сакам да изразам голема благодарност до сите организации и институции кои се вклучени во големата хуманитарна меѓународна мисија, a со која се евакуираа сите македонски граѓани од територијата на Авганистан и со која се спасуваат 650 граѓани од локалното население од демократските мисии во земјата, кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.
Од страна на претставниците на Црвениот Крст и меѓународните организации беа презентирани плановите за прифаќање и помош на граѓаните кои се очекува да пристигнат во следните денови.
Северна Македонија има и капацитети и начин на организираност и високо изразено чувство за солидарност и сите ние заедно ќе покажеме и пред демократските пријатели од Авганистан, и пред целиот свет и пред себеси дека во ваквите кризни хуманитарни ситуации не постои поинаков одговор освен веднаш да се помогне со сите капацитети на располагање.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ