Денесовски има две опции, поради лажно сведочење и 9 кривични пријави да оди Идризово или Шутка

0
1500

Покрај се она што сум го прочитал за Сашо Денесовски на порталите и од информации по луѓе воопшто не ме чуди односот на Сашо Денесовски, сопственик на локално порталче во Охрид – Охрид Скај за неговиот “испад” во кој што самиот Денесовски во несватлив за мене очај нуди решенија на Груевски за тоа како да се испере од неговата корумпираност.

Против Сашо Денесовски има 9 кривични пријави кои Обвинителството ги крие во договор со локалниот оддел на УБК во Охрид и не ги процесуира. Денесовски се појавил најмалку во 1 случај каде лажно сведочел и пред камери на МВР и Обвинителството како и новинарите.

Денесовски знае дека за лажно сведочење би можел да биде осуден на најмалку 5 години затвор па мора да одработи за УБК и Обвинителството. Себеси се претставува како опозиционер на страната на Црвенковски и на бившиот градоначалник на Охрид Александар Петрески. А за себе тврди дека е доктор на науки ,а има завршено само средно училиште, шеќераш со многу медицински дијагнози кој исто така секогаш кога е фатен во тесно се повикува на неговото пријателство со Бранко Героски, и тоа секогаш го прави кога зборува со опозционери кој што тврди дека е ептен близок со него уште од деновите кога работел за Фокус.

По неговите текстови лесно може да се заклучи дека нема новинарска едукација и дека новинарството му е само обичен параван за рекет и ништо повеќе. Денесовски собира информации од опозиционерите а потоа КУРВИНСКИ сведочи во местени судски процеси против нив и ги пика во прдалник, нешто за кое што пишуваше и новинарот Зоран Божиновски на својот портал Буревесник. Затоа воопшто не ми е сомнително зошто Денесовски прави поход за освестување на Груевски и негофата тајфа на која не им гине Шутка и Идризово проширени.

Иритирачки е новиот небулозен текст на Денесовски во кој упатува низа ОДВРАТНИ навреди и закани кон уредникот на Доказ – Марјан Стаменковски кој што не е прв кој ги открива неговите матни мисли кога е во прашање негов став за Груевски и фамилијата но исто така и јасно е дека не станува збор за никаков новинарски демант во новинарски жаргон туку низа фрустрации и лечење комплекси и видна нервоза.

Денесовски во неговиот последен текст упатен кон уредникот на Доказ – Марјан Стаменковски упатува низа навреди и клевети каде обвинува за тоа дека бил нечие курвиче а самиот Денесовски со лажно сведочење зацрнува неколку фамилии и обвинува за 200-300 евра?!

Следува судска разврска за овој случај но ќе биде информиран и ЗНМ како и сите странски амбасади кои посебно го следеа сведочењето на Денесовски во судските процеси во кој сведочел.

Рубин Иваноски