Денеска во 16 часот на МРТ1 ќе се врши директен пренос од детската Евровизија, која се одржува во Гливице во Полска, каде Мила Москов ја претставува Македонија.
Мила настапува под реден број 4, а во исто време важи и за голем фаворит, со нејзината песна „Fire“. Таа секогаш блеска на пробите и ги воодушевува присутните.
За разлика од редовната Евровизија, на детската може да се гласа онлајн преку линкот https://vote.junioreurovision.tv/, а и секоја држава може да гласа за својот претставник.
Дотогаш, погледнете видео од пробата на Мила: