НОВА БУДАЛШТИНА НА ГЕРО АЛЦХАЈМЕР: Бара Заев да ги делел пратениците на подобни и неподобни и на едни да одговарал а на други да не им одговарал на седницата на пратенички прашања?!?!

0
1028

Во својата најнова колумна, Геро пишува:

Мислам, секоја чест на Ромите, ама мене Амди Бајрам бундата по митинзи да ме прави будала и да вади зајак на бина, а јас сега, кај што сум го прибрал на власт, уште и да му одговарам на прашања по било која основа… Ма човече, одам во Вардар да се фрлам од Мостот на уметноста, додека не стаса она зиплајното!

Амди Бајрам не е дел од владата. Но ако продолжи да гласа за сите закони на владата и ги подржува реформите, тогаш ќе мора да го земеме во владата, затоа што ни треба секој глас, тој е пратеник, не може да го утепаме и да го снема со магично стапче?! Ајде сега да застанат реформите и да падне владата само затоа што не ни се допаѓал Амди Бајрам? Тоа ли е најважно во земјава во моментов?!

Што се однесува пак на тоа премиерот да бирал на кого ќе му одговара во собрание, тоа е невидена будалаштина, дури и еден диктатор како Грујо не се дрзнуваше на таков луксуз па одговараше на сите прашања од опозицијата цели 10 години иако ја нарекуваше опозицијата петоколонашка, предавничка, неспособна, ваква, таква…

И сега Геро со цел памет бара Заев да ги дели пратениците на подобни и неподобни и арогантно да не одговара само затоа што бил увреѓен од некои поранешни постапки на некои пратеници?! Па добро Геро, што се случува со тебе?!

Извор : Мактел.Мк