Дедото на починатата Тамара пукал во Тодоров

0
2754

Дедото на починатата Тамара од Велес е лицето кое пред малку пукало во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, дознава редакцијата на МКД.мк.

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите кога пристигнувал за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари, се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него.