Протест на кандидати за полициски службеници, Спасовски ги упати во Министерство за финансии

0
1100

34 кандидати за полициски приправници, кои на претпоследниот конкурс на МВР не беа примени и протестираа, откако на челната функција во полиција дојде министерот Оливер Спасовски, денеска повторно се собраа пред МВР и бараа средба со него.

На средбата Спасовски им нагласил дека проблемот со нивното примање не е во МВР, туку во Финансии кое не давало пари за нив, па им советувал таму да се обратат.

По средбата со Спасовски кандидатите се очекува да се сретнат и со заменик министерот, Агим Нухиу.