ГОРДАНА СИЉАНОВСКА СО ПРОТЕСТНО ПИСМО ДО АМБАСАДОРКАТА НА НОВ ЗЕЛАНД ПОРАДИ АПСЕЊЕТО НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ, ТЕРАНТ: ПУШТЕТЕ ГО БЕ КЛЕТИ ЗЛИКОВЦИ, ДО КОГА ЌЕ ИДЕТЕ СО АПСЕЊЕТО НА ВМРОВЦИ ПАТРИОТИ ПОНЕСЕНИ ОД ЕМОЦИЈА?!

0
1351

Кандидатката за претседател, Сиљановска, продолжи со протестирање поради погромот на криминалците во земјата и светот.

Откако се бунеше за казните за Митко Чавков и останатите бараби обвинети за 27-ми април, откако се бунеше за апсењето на Стевчо Јакимовски кој украл 1 милион евра од државата, таа сега протестира и за апсењето на масовниот убиец Терант:

– Уапсен ли е тој што ја отворил вратата на џамијата?! Кај е тој, или он е амнестиран?! Смрди нешто овде. Мене човекот ми изгледа на голем патриот, родољуб. Го понеле човекот емоции, јбг, на секој може да му се случи. Што е со ова апсење на десничари, христијани, вљубеници во Кирилицата и словенскиот пишан збор и наше потенцијално гласачко тело?! Па ова фер ли е баш сега пред избори, каква е оваа атмосфера на линч?!

Никој не е изненаден од ова писмо на Сиљановака. Тоа додуше е пародија, ама сепак, никој не е изнеаден од писмото. Мактел дознава дека Сиљановска спрема протесно писмо со кое ќе бара ослободување на убиецот на Џон Ленон!

– Па и тој Ленон па со тие песните за мир, абе дај кој мир човече, нема мир се додека сите сакаат да не уништат, ја викам тотална војна до истребуење, под услов секако ја да сум горе на Водно на сигурно, а сиромашните кој ги врти.

Интересни ставови, ама добро, секој има право да тера како што знае, демократија е.

ВНИМАНИЕ ЗА ВМРОНИ: СТОРИЈАВА Е ПАРОДИЈА!