„ВИСИ“ ПРЕСУДАТА ВО ПРЕДМЕТОТ ТНТ ПОРАДИ КУМСТВО НА СУДИЈАТА И ВЕШТОТО ЛИЦЕ

0
508

Мирослав Грчев го направи клучното вештачеше со кое се докажуваше дека објектот „Космос“ не е дивоградба и со кое се „бутнаа“ 36 пресуди во предметот ТНТ. Судијата Огнен Ставрев, пак, го прифати како релевантно и покрај забелешките на обвинетите. Блиската релација меѓу двајцата станала официјална по еден месец од изречените затворски казни во ТНТ, а ја потврдил и Ставрев, објави А1он.

Ставрев смета дека не требал да се изземе од судечкиот совет, иако вештакот во предметот му е кумашин. Во образложението на таквиот став, тој наведува дека ниту судијата, ниту вештото лице се странки во постапката. Ставрев во одговорот го опишува Грчев како професионалец и единствен лиценциран вештак за таков тип на вештачења во државата и како таков, само тој можел да изврши вештачење за конкретниот случај.

Вербата на Ставрев во вештачењето на Грчев останала непроменета и покрај оспорениот негов наод од три различни фирми кои направиле геодетски мерења, наведува А1он. Адвокатот на одбраната, пак, Еленко Миланов, за порталот изјавил дека било поднесено барање за изземање на Грчев поради други повреди, а не поради блиската релација меѓу вештакот и судијата, но оти никогаш не било постапено по него.