Газдата на Канал 5, Емил Стојменов бара помош од фрлачот на жени и деца во ендеци Протуѓер за неплатен данок од 400 илјади евриќи – Може да замислите колку одработиле на колена новинарите на Емил за да ги одработат овие пари!

0
7793

Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов 

10921874_10152991144112930_1742399207_n-405x540

ЕС: Значи петок иде…знаеш дека согласно законот мораме да доставиме фактура, мораме…не знам што ќе праиме…јас сум многу исплашен, мислам, со Бети оваа што е главната збориме…збореле овие нашиве и они се збунети. Не знам, дај да видиме што ќе праиме…

МП: Добро готово ај сеа ќе се јавам да видам шо е…

ЕС: Значи да видиме фактурата значи според тоа што сме ценовникот значи нискиот е пак огромна …

МП: Мхм

ЕС: Тоа ако треба данок да се плати ние може да се затвориме клуч на врата овдека сите заедно

МП: Мхм мхм

ЕС: Разбираш? Значи до таму сме ние дојдени ај шо не плаќаат луѓево, него ние денеска кредит зиаме за плата, замисли 400 илјади евра треба данок да платиме мислам за само за таа фактура..

МП:Не не не, ние ќе најдеме начин тоа да го овакво…

ЕС: Ајде види тоа пошто петок мораме јавно да излеземе а почнуваат веснициве да бараат коментари, дадовте ли фактури нели знаеш, кој ти е за кого ти е

МП: Да да, готово готово готово

ЕС: Ајде поздрав чао

МП: Важи чао чао

Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов

ЕС: Ало

МП: Емил, шо праиш?

ЕС: Еве Мартин да.. до работа дојдов, ти?

МП: Добро бе добро еве работно, па сеа зборев со премиерот, Лидија ми кажа дека проблем пак со овој Горан има некој, премиерот збореше со Горан партали го напраи да знаеш, значи вакаа… партали, пошто овој коа сте биле заедно му рекол под контрола е работата…

ЕС: Да…

МП: Иии премиерот му рече што ти значеше тоа под контрола тука пред чоек ти се јавувам ме ставаш у ситуација… не значи тоа од 300 на 200 да се намали… под контрола е работата… партали го напраи. Сакаш ли да се видиме ја и ти заедно да го бараме Горан или јас уше еднаш да му се јавам, ми рече и ти јави му се обавезно, ја да му се јавам сеа…

ЕС: Ајде јави му се…

МП:…ии…

ЕС: Јас се слушнав со…

МП:…кажи ми твој агол, каков е статусот, шо треба да се напраи за да се затвори тоа?

ЕС: Види јас со него…јас со него разговаравме, ме викна кај него у канцеларија, разговаравме, ми рече Емил еве го записникот овие моите кокошки што нашле, пошто претходно пак ме викна ми кажуваше дека они може да си пишуваат што сакаат, он си е тој што ќе си го реши проблемот, разбираш?

МП: Мхм…

ЕС: И ме викна тамо, викам Горан слушај вака две работи да знаеш, јас да сум…да сме напраиле нешто, не сме напраиле ништо…да така е, проблемот е што ти дозволивме да влезеш во инспекција кај нас после 6 години од поминат период е сега коа ќе стаиш на било што камата тоа е пута 300 посто и викам сума како пари изгледа голема и он ми вика еве ти го записникот те молам пошто вие имате стручни екипи ваши во фирма консалтинг

МП: Мхм мхм

ЕС:…напрај ми ги сите забелешки, како ќе ми ги напраиш забелешките ја така ќе го прифатам записникот