ВИКИЛИКС : ГОЛЕМИОТ СИН И ВОЈВОДА НА МАКЕДОНИЈА Груевски во 2007 му ветил на Ахмети социјални пакети за ОНА и закон за двојазичност

0
2278

Груевски во 2007 му ветил на Ахмети социјални пакети за ОНА и закон за двојазичност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во 2007 година, една година пред одржување на предвремените парламентарни избори му ветил на Али Ахмети дека ако коалицира со него, ќе предложи во Собранието закон со кои ќе се овозможат социјални пакети за борците од ОНА кои учествуваа во конфликтот во Македонија и закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија, стои во официјален документ објавен на Викиликс.

Според документот, тогашниот премиер Груевски ветил дека ќе го стори тоа, но без истото да биде објавено во јавноста. Во 2011 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по претходен предлог на Груевски и Ахмети изгласаа амнестија на Хашките случаи, што беше објавено и во „бомбите“ на опозицијата.