(ВИДЕО) Фрчкоски: Затворањето организации по налог на Турција би било вазалски однос

0
904

Затворањето образовни институции како Јахја Кемал колеџот и други организации во Македонија под притисок на Турција би било глупост, вели професорот по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје, Љубомир Фрчковски, во изјава заТелма.

Тој не очекува Владата да донесе таква одлука, бидејќи како што вели, на тој начин само би демонстрирала вазалски однос кон Турција.

Гестовите на Владата мора да бидат дефинирани од нејзината сувереност, вели Фрчковски. Од тој аспект, вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Никола Попоски дела донесените одлуки во однос на ова прашање се во согласност со нашите национални интереси, Фрчкоски ја оценува како празна. Потенцира дека пријателските односи со Турција не може да бидат алиби за затворање организации.

– Вештината на политиката и дипломатијата е да се одржат дипломатските и пријателските односи, а да не се потпадне под вазален притисок од овој тип. Во овој случај меѓународното право е јасно. Тоа не е никаква обврска туку само политички притисок би бил елемент на таквата одлука.

Од опозициската СДСМ бараат Владата веднаш да објави каква одлука е донесена и дали таа би повлекла затворање на одредени организации.

Од Демократската унија за интеграција, која е коалициски партнер во Владата, денеска не сакаа да ја коментираат вчерашната изјава на министерот Попоски.

Видеото ОВДЕ