ГРУЈО КАДЕ ЌЕ СТАПНЕ, ТАМУ ТРЕВА НЕ НИКНУВА, НИ ЧИПС НИ БУТУР!

0
1140

На почетокот од 2016 година, Никола Груевски како тогашен премиер и неколку министри од неговата Влада, во битолското село Кравари пуштија во употреба фабрика за производство не чипс. Фабриката СТИЗА чиј инвеститор е Горданчо Мирчевски, иселеник од Перт, се простира на површина од 1.200 метри квадратни, а беше најавено дека производството ќе достигне и до 5.000 тони компири, пренесува „Центарњус“.

Но, после неколку месеци од бомбастично најавената инвестиција, чија крајна цел ќе биде вработување на 200 вработени, фабриката престана да работи. Сопственикот Мирчевски побарал од ЕДН да се изгради трансформатор со поголема моќност, затоа што капацитетот на сегашнито трансформатор е лимитиран, двете фабрики не можат да работат во исто време, бидејќи поради нискиот напон доаѓа до чести испаѓања на електричната мрежа односно го попречува нормалното производство на чипс.

Овој проблем велат од „Стиза” е причина во почетокот да се преполови бројот на вработените на помалку од 20, а подоцна и да запрат машините за производство на чипс. Од ЕВН им кажале дека работат на случајот, но и ден денес нема никаков позитивен одговор.

Погоните на фирмата се затворени, а сопственикот се вратил во Перт, Австралија каде сега се грижи за тамошниот бизнис од неговата компанија која разнесува купена храна од локалниот супермаркет до домовите на купувачите.

Извор: Центарњус