(ВИДЕО) Орав: Во прв план интересите на граѓаните пред интересите на партијата

0
893

oravIzjava-685x320

По конструктивната средба вчера денеска го чувме ставот на премиерот како планира да се справи со сериозните прашања за владеењето на правото и враќањето на довербата во институциите, изјави денеска амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав по средбата во Влада со премиерот, Никола Груевски, пренесува А1он.

На средбата присуствуваа и амбасадори од земји членки на ЕУ, но и владини министри, кои доаѓаа во Владата додека течеше разговорот. Орав рече дека средбата била планирана подолго време, а не е закажана после преговорите вчера во кои посредуваше еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

– Денеска дискутиравма за излезите од политичката криза. Нашата порака беше дека е важно да се стават во прв план интересите на граѓаните пред интересите на партијата. Ургиравме сите релевантни фактори да покажат посветеност со цел да се најдат начини за излез од кризата – рече тој.

Во Владата во исто време се наоѓаа и министрите за култура, правда, економија, како и заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=XOJ1US2vP0A[/youtube]