(ВИДЕО) Наумовски: „Сител“ беше на лице место, а не ми побара изјава за инцидентот со Димитриевски

0
1642

naumovski 2

Активистот за граѓански права и слободи, Никола Наумовски, вели дека иако тој бил нападнат од страна на новинарот Антонио Димитриевски, сепак добил еднаква прекршочна пријава кога настанот го пријавил во полициска станица, додека медиумите ја изманипулирале случката до тој степен што вистината била целосно извртена, пренесува А1он.

Овој случај, вели Наумовски, уште еднаш покажува дека државните органи не само што се индиферентни на нападите врз критичарите на власта, туку ја играат улогата на соучесници.

Сега се повторува, вели тој, инцидентот од 2008 година кога на плоштад беа тепани активисти кои протестираа против изградба на црква, а при тоа полицијата не ги заштити. Ниту еден од тепачите, потсетува Наумовски, не е казнет, а тепаните активисти кои го пријавиле настанот се здобиле со прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир.

– Соучесничкиот однос на полицијата се согледува во тоа што јас и Димитриевски добивме еднакви пријави иако ја видеоа снимката. За разлика од него, кој може да биде кривично гонет за нападот, јас добив плус и прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир затоа што наводно не сум смеел да лепам постери на трансформатор. Најлошо е што се гледа дека нападот е синхронизиран меѓу медиумите и државата, во случајов полицијата, кога се гледа како беше претставен. Во медиумите беше спомената мојата роднинска врска со опозицијата, дека јас сум нападнал новинар на работно место, беше пренесена изјава само од едната страна, и плус реакција од здружение на новинари кое нема никакава адреса и не можам да ги демантирам – вели тој.

МРТ, посочува, ја пренела неговата изјава, но „така елегантно пресечена што може да се сфати само дека се случила тепачка.“

– Во последно време реториката е сменета, заради таа доминација која ја имаат во медиумите можат безочно да лажат и да ги тераат другите да учествуваат во лагата, „Сител“ беше на лице место, ме снимаше како стојам и ја чекам полицијата, а не се дрзна да ми побара изјава – посочи Наумовски.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ