Внимавајте што правите за 1 Мај: Режимот не спие, ќе ви рокне 200 евра казна за скара на отворено

0
951

more-skara

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се  Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка, …

– Екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини, велат од Град Скопје и потсетуваат дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.