Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот распит, ги избегна камерите и го напушти Kривичниот суд од задната страна. Тој, како и поранешниот премиер Груевски и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски беа повика на распит кај судија на претходна постапка, откако СЈО побара да им се изречат мерки за претпазливост за случајот ТНТ, објави НоваТв.
СЈО ги товари Груевски и Јанакиески дека незаконски нарачале рушење на објектот „Космос“ во Гази Баба во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ