(ВИДЕО) МЕГА БОМБА: ВИДЕО ОД РЕЖИМОТ како го УАПСИ Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената ревлуција! Дојдете најбрзо што можете во полициска станица Пролет!

0
1516

Вечерва е уапсен Павле Богоевски, еден од најистакнатите активисти на Шарената револуција.

“При апсењето припадници на ЕБР примениле сила и насилство. Павле е уапсен во момент кога со нашите соборци сакале да прострат платно со протестна порака на јавен простор. Прогонот продолжува” наведоа од Шарената револуција на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тие ги повикаа граѓаните пред полициската станица Пролет за да побараат итно ослободување на Павле.