(ВИДЕО) Кривични пријави од СДСМ за ГРУЈОВИТЕ ПОТТРЧКОВЦИ Димитриев, Поповски, Тодоров и Канчевска-Милеска

0
1498

Изјава, П.ШилеговСДСМ поднесува кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабете Канчевска -Милевска поради прекршување на Изброниот Законик, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Во ваков случај, Министерствата не остануваат без раководно лице, бидејќи неговата должност ја презема заменик министерот.

Наведените членови на ВМРО ДПМНЕ смислено и во континуитет од денот на верификација на мандатите за пратеници во Собранието на РМ, парарелно ја вршат и функцијата министер. Со таквото однесување тие ја злоупотребуваат својата службена положба и овластување.

СДСМ како одговорна партија, која се грижи за доследно спроведување на законите во РМ, поднесува соодветни кривични пријави против наведените лица и очекуваме брза и ефикасна реакција од надлежното обвинителство“, рече Шилегов.