(ВИДЕО) Заев: Денеска и јас сум повикан на преговорите, влегуваме во фото-финиш за договор

0
1326

zaev-andrej-685x320

Денеска е последниот датум за договор меѓу четирите политички партии за изборното законодавство и за избирачкиот список. Ова го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на заедничката прес конференција со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, пренесе А1он.

Заев рече дека тој и другите лидери се повикани на денешната средба. Тоа значи влегување во фото финиш за изнаоѓање на најдобро решение за граѓаните.

За вчерашните написи во некои медиуми дека СДСМ се залага дијаспората да нема право на глас, Заев е дециден.

„Дијаспората треба и мора да гласа, но нема да му дозволиме 3:0 на Груевски, тој да мести конзули и дипломатски претставници, да нема уставна загарантираност на еднаквост на гласовите. Понудивме и формирање на министерство за дијаспора, кое ќе им помага на нашите во дијаспората. Доколку се оствари правото на дијаспората да гласа, тогаш цензусот мора да остане или нивните гласови да се испратат во матичното живеалиште на граѓанинот“, рече Заев.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ