(ВИДЕО) Во Прилеп дојде до судир меѓу ПРОТЕСТАНТИТЕ И КУРТОН ПРОТЕСТАНТИТЕ!!!

0
1642

Учесници на протестите во Прилеп сведочат за обид на дел од контрадемонстрантите организирани од ГДОМ да направат инцидент, односно да се пресметаат со демонстрантите од Шарената револуција.

Споделуваме сведоштво на Божидар Барлакоски, демонстрант на ‪#‎Протестирам‬ и‪#‎ШаренаРеволуција‬ во Прилеп.

“Собирот на ГДОМ беше на споменикот Карпалак и во еден момент почнаа да маршираат кон камената бина каде беше собирот на демонстрантите. Немаше барикада од полиција, немаше кордон полиција да им попречи пат. Слободно поминаа низ булевар, намерно застанаа на пешачкиот на реклами и почнаа да пеат песни се додека еден од нив не се закачи со една жена од #Протестирам. Полицијата едвај наваса да спречи голема тепачка. Видов како двајца полицајци намерно се тргнаа од кордонот за да изгледа како пробив. Среќа други двајца “ги фатија за уши” и ги вратија во редот.
Си добив и јас: “немој да сликаш крфта да тибам че ти ја искршам камерата” со обид да стварно ја скрши, но полицијата беше измеѓу па не ја премина таа граница.
Екс пратеникот Панче Дамески со пцовки клетви и закани (со кренат показалец /тупаница) кон демонстрантите исто пробуваше да се истурка за да се пресмета. Дојде припомош на полицијата поворката на ГДОМ продолжи до кружниот кај судот и веќе таму им блокираа пат за назад и не се вратија.”