(ВИДЕО) Богоевски: Власта со нови 36 милиони евра заем ги „храни“ своите фирми

0
1132

Зошто власта бараше ново задолжување од 36 милиони евра? За да исплати оштети кои не ги покриваат ниту најосновните трошоци на санирање на штетите?

За да ја намали штетата врз својот рејтинг пред изборите? Или за да има додели уште една финансиска стимулација на своите фирми, склучувајќи договори во четири очи за санација на инфраструктурата, без распишување на тендер?

Нека одговори Коце Трајановски, колку пари од средствата за „обесштетување на граѓаните“ се издвоени за фирмите блиски до партијата во договори во четири очи?

Уште пострашно, никој се’ уште нема преземно одговорност. Ниту за неодговорното работење кое резултираше со изгубени животи и огромни штети, ниту за патетичната некоординираност во периодот кој следеше по полавите.

Овие луѓе мора да одговараат за својата неодговорност. Ниту едно оправдување за „виша сила“ или „водена бомба“ не може да ги избрише солзите на граѓаните, ниту да направи да заборавиме во чија надлежност беа нашите животи, беше нашата безбедност и нашата заштита и спасување, рече Павле Богоевски.