БРУТАЛНО со клешти, хебли и тесли НАСИЛНИЧКИ е исселен Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп

0
2163

Во текот на денешниот ден од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ насилнички и брутално како во криминалистичките филмови кога злосторниците вршат обивање на брави од сефови со динамит беше иселен Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ).

Просториите на ЦСЛУ се користени од 1994-та година, но нејзиниот сопственички статус не е решен и до ден денес.

img_5394img_5398

„Денес се случи преседан по однос на почитување на правото и правосудниот систем и познавањето на правото, со тоа што се пристапи кон насилно иселување на ЦСЛУ од просториите кои ги користеше повеќе од 20 години. Државното правобранителство и лица вработени во ЦК „Марко Цепенков“ секогаш се повлекуваа во моментот кога требаше да го утврдат просторот кој треба да биде испразнет и кога во записник требаше да влезе идентитетот на лицата кои тоа го утврдиле. Денес тоа го направи директорот на Центарот за култура Тони Чатлески, иако не знаеше да одговори на прашањата и доказите кои се приложени во постапката за извршување. Конкретниот деловен простор кој се испразни не е сопственост на РМ и за истиот е поднесено барање за легализација. На овој начин се покажа тенденцијата на локалната власт по секоја цена да го узурпира овој простор за сосема други намени од оние за кои досега го користеше ЦСЛУ“, изјави за ПУБЛИКУМ правниот застапник на ЦСЛУ адвокатот Жарко Стеваноски.

img_5389

Насилничкото обивање на галеријата од ЦСЛУ беше извршена со присуство на полиција по барање од директорот на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ .

Раководителот на ЦСЛУ Горан Ристески вели дека постојат две причини поради кои власта насилно ги исфрла од просторијата која ЦСЛУ досега ја користеше.
„Првата причина е од личен карактер, тоа е желба на директорот на Центарот за култура Тони Чатлески, кому му смета прилепската колонија која е една од најстарите на Балканот и која догодина ќе слави 60 години постоење. Втората е од политички карактер. На власта ѝ сметаат презимињата Бабиќ и Јанески, односно проопозициската определба на двете семејства кои сиве овие години несебично се трудат да ја продолжат традицијата на колонијата. Таква беше политичката опција на неодамна починатиот прв човек на ЦСЛУ Диме Јанески, на неговата сопруга Гордана Бабиќ-Јанеска, на нивната ќерка Јана Јанеска-Ристески. Исто така, нивниот син, новинарот и граѓански активист Огнен Јанески важи за силен критичар на политиките на актуелната власт, а со идентични ставови е и неговиот вујко, актерот Марин Бабиќ. Ете затоа ЦСЛУ мораше да биде иселен на ваков насилнички начин“, вели Ристески во изјава за порталот Публикум.

img_5391

Што се однесува до досегашното користење на просторот, во 1996 година Министерството за култура на РМ го известило ЦК „Марко Цепенков“ дека просторијата му ја доделува на користење на ЦСЛУ сѐ до трајно решавање со сопствен простор. Истата одлука неколку години од позиција на Државен секретар за култура ја потврди и актуелната министерка Елизабета Канческа-Милевска.

img_5388

По идеја на проф. д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар проф. Ристо Лозановски, ЦСЛУ-Прилеп е формиран во далечната 1957 година и во негови рамки првата ликовна манифестација во Прилеп, која денес се вбројува во редот на најстарите ликовни колонии во Југоисточна Европа.

img_5385

Инаку, Центарот за современа ликовна уметност или популарно Првата ликовна колонија во Прилеп, има 6-децениска традиција. Делата на центарот на реверс се изложени речиси во сите државни институции.