Срам да ви е на сите вас „стручњаци“ кои се обидувате да создадете генерации на исплашени, наведнати глави, кои ќе седат во вашите скутови

0
1812

Денес малиот Андреј ( 9 години) за првпат се запозна со нашиот систем.
Денес тој го полагаше својот прв ИСПИТ – екстерниот.

tamara 11

денес, тој плачеше на училишната клупа затоа што неговиот компјутер ,,се исклучил“. И покрај убедувањата дека неговото ,,знаење е ,,сочувано“ , тој сѐ уште мисли дека е ВИНОВЕН. А како славејче ги пееше сите прашања и ,,отприлика“ одговорите. Затоа што е НОРМАЛНО да знае сѐ за општинските прашања. Па има ДЕВЕТ години, човече!!!
Ги знаеше и оние омилените:
1. „Од што зависи бројот на членовите во општината?“
2. „Здружението на граѓани поднесе барање до општината за изградба на тениски терен. Кој треба да го разгледа нивното Барање?“
3. „Како се избираат претставниците од редот на граѓаните кои го сочинуваат Советот на општината?“
4. „Општините се организирани како: __________ “
5. „Каде се спроведува локалната самоуправа?“
И уште многу вакви ,,сериозни“ прашања…
И еден Емил ( 17 години) , нашиот училиштен генијалец, денес со својата енциклопедија од знаење беше на испит. Ја ,,живее“ биологијата и ја полагаше денес.
И тој денес замина дома тажен. Не успеал да ги препознае ,,слатководните алги“ кои сѐ уште ги бара во книгите, за да си докаже дека ги ЗНАЕ сите . А знае! А тие, никогаш видени и чуени алги, никако да ги најде!!!
И Андреј и Емил и уште уште стотици умни деца, денес се прашуваа ЗОШТО и покрај сето знаење, НЕ УСПЕАЈА! Каде згрешија??? И колкаво е тоа ЗНАЕЊЕ за коешто уште треба да се учи?
И сѐ уште се прашуваме сите ние, КОЈ стои зад ова НЕЗНАЕЊЕ кое ги уништува најдобрите деца, за да го носат товарот на сомнежот во својот ум, вложен труд, креативност, оригиналност, неповторливост?
Кои се тие, со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ кои ќе ги носат на одговорност овие генерации???
Срам да ви е , на сите вас, ,,стручњаци“ и карикатури на системот, кои со својот механизам на ,,ВЛАДЕЕЊЕ НА НЕЗНАЕЊЕТО“ се обидувате да создадете генерации на исплашени, наведнати глави, кои ќе седат во вашите скутови. Генерации кои и кога ќе ЗНААТ, ќе мислат дека не се достојни за вашиот празен ум.
ОДГОВОРНОСТ !!!
Државен испитен центар
МОН
И сите кои беа дел од оваа системска, морална и интелектуална мизерија !!!

Тамара Ќупева – Фејсбук статус