БРАВО ЗА БОКИ ЈОВАНОВСКИ : Наместо огномет по повод годишнина од постоење на 1ТВ, ГАЗДА Боки донираше пари за малата Васија!

0
1220

При подготовките на церемонијата по повод 1 година 1ТВ, вели првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски, размислувал за што поспектакуларен настан, затоа што ретко ги има во Македонија. Сепак, за разлика од другите церемонии од овој вид, решил дека на оваа нема да има огномет.

-Одлучивме дека ќе немаме огномет. Одлучивме дека наместо огномет, ќе имаме друг тип на донација. Огнометот којшто требаше вечерва да се случи по повод оваа телевизија ќе чинеше 5.000 евра во денарска противвредност. На ТВ24, на нашата конкурентска денеска прочитав една вест во којашто зборуваат за младо девојче по име Васија и апелираат за помош. Ние одлучивме наместо огномет, овие средства да ѝ ги дадеме на малата Васија којашто боледува од редок тумор. Јас ќе му го предадам овој чек на семејството на Васија, од 1ТВ, ќе ѝ бидат упатени овие средства и ќе ѝ посакаме сите од оваа сала побрзо да оздраве и да биде жива и здрава, затоа што е многу малечка, рече Бојан Јовановски.