АЈДЕЕ, НОВО ЛУДИЛО НА ВМРОВЦИТЕ: Хомер пишувал на Македонски?!?!

0
2398

Македонскиот јазик има многу грцизми, па многу зборови се слични со грчки зборови, но некои наши шупци и фанатици се убедени дека Хомер пишувал на македонски?!?!

Хомер е грчко име[4] и иако ништо со сигурност не се знае за него, низ историјата се давани детали за неговиот живот и местото на раѓање. Луцијан, во неговата Вистинска историја, за него вели дека е Вавилонец со име Тигранес, кој го зел името Хомер откако бил одведен како заложник (хомерос) од страна на Грците.[5] Кога царот Хадријан го прашал пророчиштето во Делфи за Хомер, добил одговор дека Хомер е од Итака, син е на Епикаста и Телемах, ликови од Одисеја.[6] Овие приказни биле вметнати во бројни верзии[7] на животот на Хомер составени од времето на Александар па наваму.[8] Најчесто се споменувало дека е роден во Јонија регион во Мала Азија, во Смирна, или на островот Хиј, а дека умрел на островот Иос.[8][9] Поврзаноста со Смирна најверојатно е поради легендата во која се вели дека неговото првобитно име било Мелесигенес („роден крај реката Мелес“, река која тече крај градот Смирна), а дека мајка му била нимфата Кретеис. Од еповите многу јасно се гледа дека имал големи познавања за географијата на Мала Азија.[10]

Постојат различни толкувања на името на поетот: според едни извори значи собирач,[11] според други заложник, или оној кој следионој кој е натеран да следи, или според некои дијалекти слеп.[12] Од овде произлегуваат приказните дека бил заробеник или дека бил слеп.[13][14] Дека Хомер бил слеп поет се споменува и во некои стихови од Химната за Аполон, третата од Хомерските химни[15] со кои Тукидид го потврдувал ова тврдење.[16] Историчарот Ефор го застапувал истово гледиште, а постоело и тврдење дека името му доаѓа од ho mḕ horṓn (ὁ μὴ ὁρῶν: „тој кој не гледа“).

Многумина научници сметаат дека името на поетот значи „собирач“ или „тој што ги собира песните заедно“.[17] Според некои, „Хомер“ значи „оној што пее мелодии“ и танцува.[18][19] Марчело Дуранте името Хомер го поврзува со епитетот на Зевс „бог на собирите“ и смета дека зад ова име стои архаичен збор за „повторно собирање“.[20][21]

Хомер е опишан и како патувачки пејач.[22] До нас доаѓа сликата за овој човек како за „слеп просјак пејач кој се дружел со неважни луѓе: чевлари, рибари, грнчари, морнари и со стари луѓе во пристанишни градови“.[23] Од друга страна, пак, поемите ни даваат доказ за пејачи по дворовите на аристократијата.[24]

Дела кои му се припишуваат на Хомер

Луѓето до шестиот и почетокот на петтиот век пред нашата ера под поимот „Хомер“ ја подразбирале „целата епска поезија во хексаметарски стихови“.[25] Покрај Илијада и Одисеја на Хомер му се припишувале и многу други дела, вклучувајќи цел епски циклус. Овде се вклучени и други поеми за Тројанската војна, како Мала ИлијадаНостоиКиприја и Епигони, како и тебанските поеми за Едип и неговите синови. Меѓу другите дела, како целокупните Хомерски химни, комичниот мини-еп Батрахомјомахија („Војната меѓу жабите и глувците“) и Маргитес исто така му биле припишани нему, но денес се смета дека ова не може да е точно. Поемите Освојувањето на Ехалија и Фокаис биле исто така припишани на Хомер, но авторството на овие различни текстови е уште попроблематично.

Аристотел во неговата Поетика запишал дека Хомер бил уникатен меѓу поетите од неговото време.[26] Во четвртото пеење од „Пеколот“, Данте го нарекува Хомер „крал над поетите“.[27] Во прологот на „Гаргантуа“, Франсоа Рабле вели дека Хомер, кога ги пишувал „Илијада“ и „Одисеја“, воопшто не мислел на алегориите коишто подоцна му ги препишале ПлутархХераклитЕустат и другите.[28]

Сепак, постојат и негативни ставови во поглед на творештвото на Хомер. Така, во дваесет и петтата глава на „Кандид“, преку зборовите на венецијанскиот благородник Пококуранте, Волтер го критикува Хомер, опишувајќи ја „Илијада“ со следниве зборови: „постојано повторување на борбите кои личат една на друга, боговите кои постојано прават нешто, а никогаш ништо не завршуваат до крај, Елена која е повод за војната и која едвај игра некаква улога, Троја која ја опсадуваат а никако да ја освојат, сето тоа до крајна мера ми се чинеше смртно здодевно“. Притоа, кога Пококуранте ги прашал учените луѓе, дали и ним книгата им е здодевна, сите му одговориле дека таа ги заспивала, но морале да ја чуваат во својата библиотека како споменик од минатото.[29]