АХМЕТИ НЕ СЕДНУВА НА МАСА СО ЗАЕВ, ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Е ЗАВРШЕНА РАБОТА

0
1594

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не седнува на маса со владиниот партнер и премиер Зоран Заев за Законот за јазиците, брифира за Плусинфо висок функционер на ДУИ. Ова значи дека ќе нема лидерска средба меѓу Ахмети и Заев на која тема би билe Законот за јазиците и како да се излезе од ќорсокакот во Собранието, пишува Плусинфо.

За да се најде решение за 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците , Заев ќе треба да седне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, но не и со Ахмети, бидејќи за лидерот на ДУИ ова прашање е затворено.

Законот за јазиците е затворено прашање за ДУИ уште при формирањето на Владата. Овој Закон е столб на владината коалиција. Законот ќе биде донесен многу скоро, со поддршка од СДСМ и тоа во форма како што веќе е изгласан во Собранието, бидејќи таков е договорен со партијата на Заев при формирањето на Владата. Нема промена на нашите позиции, односно ќе нема амандманска расправа за законот-вели за Плусинфо висок функционер на ДУИ.

loading…

Од ДУИ ја потсетуваат СДСМ дека без договор за закон за албанскиот јазик ќе немало ни владина коалиција, ни Влада. Од партијата на Ахмети велат дека е погрешна тезата дека Законот за јазиците ги кочи реформските процеси, коментирајќи ја информацијата дека СДСМ бара време за да се најде решение за законот, со цел да не се изјалови поддршката за реформските закони од ВМРО-ДПМНЕ, на која работат работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст ОВДЕ.