Јанева: Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам

0
1009

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ја почна својата одбрана како второобвинета  во случајот “Рекет”. Таа за првпат зборува пред судот.

„Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам. Но, збор не излезе од СЈО, ни буква! Затоа што работат по законот, зашто моите обвинители на тоа се обврзаа и затоа јас многу ги почитувам! Се надевам дека фајловите се сè уште во зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде се наоѓаат во специјални сефови. Јас ги набавив тие сефови, неуништиви се. Може да горат на лава еден час и да не се стопат”, зборуваше Јанева на директни прашања од нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Потоа го потсети судот дека после неа, практично нема обвинител што обвинил високи функционери, за кои се уште траат некои судења токму во Кривичниот суд, и оти тоа беше прв и засега, последен пат да бидат обвинети високи функционери.