Ако Христијан Груевски стане премиер ќе владее исто како Груевски

0
1208

Христијан Груевски

Од се што кажа вечерва Мицковски во тв дебата со премиерот Заев стана јасно дека:

Тој нема било какви забелешки во однос на политиката на Груевски во областа на: економијата, надворешната политика, судството, администрацијата и во областа на медиумите.

Тоа значи дека ако добие шанса некогаш да стане премиер ќе го прави истото што го правеше Груевски во сите тие области во изминатите 11 години.

Всушност ќе го прави истото за се што му се суди на целото раководство на ДПМНЕ: Криминал во економијата, партизирање на медиумите, администрацијата и на судството и продавање квазипатриотизам во сферата на надворешната политика.

Тие нема да прифателе “капитулација” ниту во преговорите со Бугарија, ниту во преговорите со Грција а и натаму ќе ветувале членство на Македонија во НАТО и во ЕУ.

И се е тоа јасно. Само не е јасно зошто го менуваа Груевски. Тој сето ова би го правел и натаму подобро од својот советник Мицковски. И би бил повоспитан од него.

А и не е доцна за тоа. На собирот закажан за 2. јуни може да се побара враќање на Груевски на чело на партијата.

И тоа со слоганот што го спомена Мицковски. “Нова Ера” За да биде вистина забавно.

Од фејсбук зидот на професор Ѓорѓи Спасов