(ФОТО) Жерновски во посета на градинката „Р.Ј. Корчагин“

0
1401

Посета-градинка-РЈ-Корчагин-2-640x320

„Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска беше во посета на една од најстарите детски установи, градинката “Раде Јовчески Корчагин“.

Од В.Д. директорката, Мирјана Василевска и од персоналот, градоначалникот беше запознает за тековните активности на градинката и за инвестициите кои треба да се преземат.

Посета-градинка-РЈ-Корчагин-1

Жерновски им посочи дека децата се главен приоритет на општина Центар и дека општината, како и досега, ќе продолжи да вложува во квалитетно воспитување и подобри услови за престој на децата.

Од оваа година, децата во “Корчагин“ и во сите други центарски градинки, имаат обезбедено бесплатни часови по Англиски јазик, како и средства за хигиена. Трошоците, наместо на товар на родителите, се исплаќаат од буџетот на општината“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Посета-градинка-РЈ-Корчагин-3