(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Вевчанскиот карневал во знакот на ИСИС, странски служби, Јанева, Каракамишева, тајна фабрика…

0
1015

Милитантната терористичка организација Вевчански – ИСИС, прислушкувањето и странските разузнавачки служби, тајната фабрика за лични карти, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тимот, професорката Тања Каракамишева…, беа највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Август, низ вевчанските улици се исмејуваа и актуелните политички случувања, кои ја одбележаа годината што измина, владини проекти, опозициски гафови. Не помалку внимание привлекоа и маските на познатиот светски готвач Џејми Оливер, чудовишта, вампири, пекари, слаткари…, а не изостанаа и шегите за „облечените“ палми и македонската мисица Дунавка Трифуновска.

12509667_715821971888523_721846504336260709_n-670x377 132983804-670x308 132983779-670x516 132983780-670x475 132983781-670x664 132983783-670x478 132983784-670x428 132983785-670x344 132983793-670x521 A06E7D57-601D-42C9-A8CC-A8638267C413_w640_r1_s