СЈО СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НАДЛЕЖНО : Јанева ја донесе првата одлука и почнува предистражна постапка за изборните нерегуларности

0
1040

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева ја донесе првата одлука и се прогласи за надлежно за изборните нерегуларности кои според политичките бомби на Заев ги правеле првите луѓе на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

12342949_10206785732374669_552497117_o-640x320

Ова ќе бидат првите предмети што ќе ги отвори специјалното обвинителство, а во наредниот период ќе побара докази од државните институции со цел да се докажат наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

-Во изминатиот период правени се анализи на доставените статистички податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија, како и анализи на јавно објавените материјали од незаконското следење на комуникациите. Овие анализи покажаа основно сомнение дека се работи за предмети кои се во надлежност на ова јавно обвинителство, што се потврди од увидот на списите на предметите. Во оваа насока би сакале да појасниме дека од овој момент единствено надлежни за постапување по предмети поврзани со изборните нерегуларности за изминатиот период, а кои се поврзани и произлегуваат од незаконски следените комуникации сме токму ние, односно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – изјави јавната обвинителка, Ленче Ристевска.

Од таму известија дека во следниот период до сите државни органи и иматели на докази ќе бидат доставени барања за доставување на докази поврзани со изборните нерегуларности.

Јанева ги добила сите предмети кои беа отворени во Основното јавно обвинителство по содржината на прислушуваните разговори. Меѓу предметите се наоѓа и „Пуч“ кој веќе е во судска постапка и каде како обвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од обвинителството на Јанева посочуваат дека не ги побарале сите предмети од ОЈО и дека на овој начин републичкото обвинителство ја нарушува нивната динамика на работа.

-Мораме да укажеме дека таквото постапување на овие обвинителства е надвор од доставеното барање и со него се нарушува динамиката и планот на работа на ова Јавно обвинителство. Сепак, ја уверувам јавноста дека одлуката за тоа дали врз сите предмети ќе биде воспоставена стварна надлежност на ова Јавно обвинителство и врз кои предмети ќе биде воспоставена стварна надлежност ќе биде донесена во предвидениот законски рок од 8 дена – додаде Ристовска.

извор: А1он