(ВИДЕО) Богоев: Магистрите се келнери, Македонија вработува, но во странство!

0
1293

Во извештајот е констатирано дека 53 е процентот на невработеност на млади, во континуитет. Вкупниот процент на дипломирани студенти во работната сила се зголеми, за 4% до 18% од работната сила помеѓу 2009 и 2013, меѓутоа, ¼ од дипломираните студенти се невработени бидејќи најмногу работни места се концентрирани во ниско продуктивни сектори. Мерките за вработување не одговорија соодветно на основните структурни причини за невработеноста. Тоа го вели Извештајот на ЕК и вели дека главен вработувач е јавната администрација. За мали и средни пртпријатија во Буџетот за наредната година одвојувате само 140 илјади евра.

Македонија е земја во која магистри се келнери, а доктори на науки се шанкери. Македонија вработува, во странство. Вашите млади работат во јавната администрација, другите млади во агенција. Или во агенција за вработување или во травел агенција. Бараат Work & Travel, летово да избегаат некаде“, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател СДММ, од денешното продолжение на собраниската дебата за европскиот Извештај за напредок на Република Македонија.

 

Македонија – земја во која магистри работат како келнери, а доктори на науки како шанкери! Реплика од денешната дискусија за Европскиот извештај

Posted by Стефан Богоев on Thursday, December 3, 2015