Ризичните групи и предрасудите: Не е евидентиран ХИВ кај сексуалните работници во Македонија

0
1459

Неколку организации работат на превенција на ХИВ/СИДА кај ризичните групи, а нивните истражувања покажале дека сексуалните работници имаат информации и знаења за ХИВ, начинот на пренос, како да се заштитат, редовно прават ХИВ тестови и не претставуваат опасност по јавното здравје, пренесува Фактор.

Сексуалните работници/чки се најголеми преносители на ХИВ/СИДА, е еден од низата стереотипи за оваа категорија луѓе, оформен поради нивното ризично однесување и постојаното менување партнери.

Ова општо распространето мислење не е точно, посочуваат од организациите кои работат на оваа проблематика.

–  Во последните три години нема евидентирано ХИВ меѓу сексуалните работници/чки – вели Борче Божинов од СТАР-СТАР, здружение за  заштита и унапредување на правата на маргинализираните професии со особен интерес кон сексуалните работници.

Од 2012 година, СТАР во партнерска соработка со уште неколку организации и институции, спроведува теренско тестирање за ХИВ/СИДА помеѓу сексуални работници кои работат на територијата на градот Скопје.

–  Теренското тесирање го спроведува соодветно обучен тим за работа со оваа популација. Според досегашната евиденција, немаме евидентирано позитивни случаи на ХИВ кај сексуални работници, што се должи на неколку годишното работење на ХИВ превенција помеѓу оваа група, од страна на неколку организации кои заеднички делуваат на полето на оддржување ниска ХИВ превленца во Македонија – вели Божинов.

Тестирањето се врши со брзи тестови со земање примерок од крв од прст, според јасно утврдени протоколи од страна на Министерството за здравство.

Од Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот велат дека тие на годишно ниво контактираат повеќе од 200 различни сексуални работници ( жени, мажи и трансродни). Повеќе од 50 отсто од нив редовно се тестираат за ХИВ.

(…)

Здружението „Опција“ од Охрид, по повод први декември, ден за борба против ХИВ/СИДА, спроведе бесплатни тестирања, првенствено наменети за сексуалните работници и за корисниците на дроги. И таму немаше откриено лице од овие целни групи заболено од ХИВ/СИДА.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ