Незири: ДУИ не излегува од Владата

0
1079

Гласините дека ДУИ до петок ќе излезе од Владата со што би се предизвикале предвремени парламентарни избори без да се постигне согласност за договорот од Пржино се дезинформации. Веќе има позитивни сигнали  дека ќе се постигне договор, оцени денеска министерот за економија и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири.

– ДУИ за да излезе од Влада треба да се поминат сите филтри во партијата, да се помине во Централното претседателство и да се направат дополнителни анализи. Во овој момент мислам дека Македонија е на добар пат да се постигне  договор и земјава да излезе од политичката криза, изјави Незири, одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето 6. Партнерски состанок на Црвениот крст на Република Македонија.