Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера попладнето се сретна со претставници на граѓанските организаци и невладиниот сектор од „Граѓаните за Македонија“.
Целта на средбата, во рамки на принципиелната соработка на СДСМ со граѓанскиот и цивилниот сектор, беше размена на мислења за актуелната политичка криза во Република Македонија.
Заеднички е ставот дека се прифатливи само слободни, чисти, фер и демократски предизборен и изборен процес.
– Избори ќе има само и единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чисти избори – соопшти Заев.