(ВИДЕО)Сања Арсовска: Слободата нема да биде подарок!

0
1498

сања

Младата актерка Сања Арсовска за „Цивил“ говори за надвладувањето на стравот, притисоците и манипулациите.

– Една од причините поради кои што се наоѓаме во ваква очајна ситуација е што дозволивме некој да си ги присвои зборовите слобода и демократија, да манипулира со нив, да им го смени значењето и притоа,оставајќи впечаток дека е сосема нормално и во ред – кога тие ќе зборуваат за слобода, ние да чувствуваме страв и некаков притисок! А кога ќе зборуваат за демократија, ние да размислуваме за нашите загрозени права.

Слободата не била и нема да биде подарок од ниту една влада. Стравот е тоа што владата ни го подарува, со кој што се храни и на чија сметка владее долго. Да владееш и да се богатиш на сметка на нечиј страв, тоа е многу тажна приказна. Особено за оние исплашените. Затоа, да го надвладееме стравот, да ги надвладееме сите притисци и манипулации и да не дозволиме повеќе никогаш, некој да ни се меша во нашиот сопствен избор – вели Арсовска.

Нејзината изјава е дел од кампањата „За слободни избори“, која може да ја следите на веб-локацијата на „Цивил“.