ЧЕСТИТО НАРОДЕ, ЗА ОВА СЕ БОРЕВМЕ И ГИНЕВМЕ – ЕВЕ ЈА ОДЛУКАТА КАДЕ ПО 28 ГОДИНИ ДЕНЕС КОНЕЧНО ДОБИВАМЕ ПОКАНА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!!!

0
845

Нацрт заклучоците на Самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија добива денеска покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни проедури.

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт заклучоците.

Заклучоците го поздравуваат и Договорот со Бугарија.

„Ги поздравуваме напорите на Владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон Алијансата“, ќе стои во заклучоците.

НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во неговите мисии и меѓународната безбедност.