(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРИЛЕПСКИ ЈКП ,,КОМУНАЛЕЦ” РУТИНСКИ ГИ ЧИСТИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ НИЗ ЦЕЛИОТ ГРАД

0
90

Среде куќите на крајот од улицата ,, Октомвриска,,  се издига дива депонија небаре рид.

По  генералното чистење  во повеќето населби низ градов и во околината на градот,  денеска комуналците започнаа  да чистат  диви депонии во населбите Марино мало  и  Рид.

Огромни количини на градежен шут, пластичен отпад, електричен и  елекетронски отпад, стар мебел, облека, сунгери, најлон, отпад од кастрење и што ли уште не, успеале несовесните граѓани да натрупаат на  неколку диви депонии низ населбите.

Комуналец , со сопствени градежни машини и со помош на приватни компании, како општествено одговорни, започнаа да ја расчистуваат оваа стара напластена  дива  депонија на крајот од улицата ,, Октомвриска,, од каде ќе траспортира над 140м3 комунален отпад  .

По оваа голема депонија како рид кој се издигнал меѓу куќите во населбата , ќе се продолжи со чистење на поголеми диви депонии вдолж каналот во населбата Рид и неколку помали ѓубришта.

И покрај апелите на  комуналците дека сиот  отпад  се собира со редовната неделна линија и немаат потреба граѓаните да го оставаат во нивната близина на живеење, сепак, поедини граѓани остануваат глуви на нивните молби и повици.

Од Комуналец, уште еднаш ги потсетуваат граѓаните  дека секој отпад,  и во било која количина да го оставаат во кантите за отпад, а доколку истиот е во поголеми количини,  да го спакуваат во други садови или вреќи , за што Комуналец е должен да го подигне.

Додека пак за  габаритниот отпад од мебел, или поголеми количини на отпад од кастрени  дрвја, можат да се обратат во секое време во Комуналец, по што ќе се ангижираат службите да извршат подигање на специфичниот отпад. Овие видови на отпад,  се во категоријата  комуанален отпад , создаден во домаќинствата, и за нив не се наплаќа. Комуналец врши  наплата само за градежен шут и земја, за кој Ви  овозможуваат  достава на  контејнер од 5м3 или трактор.

Со ваквиот  принцип на работа од Комуналец,  греаѓаните немаат причини за изговор, и да го исфрлаат отпадот кај ќе стигнат, зашто имаат сервис во секое време. Нивна обврска е само да ги повикаат комуналните работници.