(ФОТО) РЕЖИМСКИОТ СОБРАНИСКИ ТАСТЕР ВАСИЛ ПИШЕВ СВОЈОТ БИЗНИС ОД АНКЕТНИОТ ЛИСТ ГО СКРИЛ ВО БУГАРИЈА

0
1802

Вредноста на бизнисот на пратеникот Васил Пишев, во Бугарија и во Македонија, е поголема од оној што тој го пријавил во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Hotel-Park-Bachinovo

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев како бугарски државјанин поседува компанија за производство на масло за јадење, преку која е сопственик на луксузниот хотел „Парк Бочиново“ во Благоевград, Бугарија.

Струмичкиот пратеник не крие дека е газда на хотелот, пред неколку недели на провокација од опозициските пратеници, од собраниска говорница ги покани колегите да се одморат во неговиот хотел.

„Васил Пишев е резултат на три генерации еснафи. Еве, ве поканувам сите да бидете мои гости! Ќе бидете добро услужени, со масажа, нагостени со македонска скара, па ќе ви покажам и ред други работи“, кажа Пишев.

Иако во Собранието зборувал за хотелот во Бугарија, Пишев избегна да одговори на прашањата на БИРН. Прво прифати да разговараме, но потоа нѐ упати кај неговиот портпарол кој не ни одговори на прашањата.

Повеќе за патриотскиот бизнис во Бугарија на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев ќе прочитате на порталот ПРИЗМА ОВДЕ