СПАСОВ: Сега е време осудените за нападот врз Собранието од 27-ми април да ги откријат имињата на нарачателите на тој грозен чин

0
2397
Сега е време

Сега е време осудените за нападот врз Собранието од 27ми април да ги откријат имињата на нарачателите на тој грозен чин. Само откривањето на вистинските виновници кои го нарачале и испланирале тој злостор ќе гарантира дека такво нешто нема никогаш да се повтори.

Тие нарачатели веројатно им ветувале лекомислено дека ќе им обезбедат заштита на извршителите на насилството а може би и награди.

Сега по изречените пресуди на оние што се обидоа да го убијат Зијадин Села време е тие да проговорат кој им дал инструкции,што им ветувал и што им гарантирал. Нека не ги лаже умот дека Мицковски преку неговата пратеничка група ќе издејствувал амнестија за нив,како што им ветуваше вечерва преку телевизијата.

Мицковски ги лаже само со цел тие сепак да не проговорат за нарачателите меѓу кои може би се и оние што на Мицковски на тацна му ја понудија лидерската функција во ДПМНЕ.

Фејсбук статус на професорот Ѓорѓи Спасов