ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО ГО СПАСИ ЗАЕВ УНАПРЕДЕН ВО НАЧАЛНИК ВО МВР

0
863

Сашо Тасевски и Ацо Ангеловски, кои на 27 април како дел од обезбедувањето министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, нему, на премиерот Зоран Заев, на спикерот Талат Џафери и на останатите пратеници од парламентарното мнозинство, им ги спасија животите, поставени се за началници во МВР.
Тасевски е назначен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа во МВР. Ангеловски, пак, е поставен на чело на Секторот за превентивно обезбедување во МВР.

Полицајците Сашо Тасевски и Ацо Ангеловски беа во обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Владата за спроведување изборите. На 27 април годинава, кога се избра новиот претседател на Собранието Талат Џафери, пратениицте на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василески ги отворија вратите на Собранието и толпата протестанти влегоа во Собранието.

Во прес-центарот, пратениците и новинарите беа блокирани од насилниците повеќе од два часа, иако бараа помош од полицијата за да ги спаси. Меѓу насилниците имаше и луѓе со црни маски. Насилниците удираа по пратениците од мнозинство и по новинарите со столици, сталаци од камера, компјутери, маси и сѐ што им дојде до рака. Заев и уште десетина пратеници со жив штит ги бранеа Сашо Тасевски и Ацо Ангеловски, како и личното обезбедување на Заев, Александар Трајков. Оставени сами на себе, чекајќи ја интервенцијата од нивните колеги од МВР, која два и пол часа доцнеше по наредба на ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, во еден момент беа принудени да ги извадат службените пиштоли.

На снимките од крвавите настани во Собранието можеше да се види како насилниците ги тепаат и нив. Но, нивната присебност и храброст спречија да дојде до поголеми крвави последици во Собранието.
Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово.  Има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.

Извор : СДК

СПОДЕЛИ