БОМБА СО ОГРОМНА РАЗОРНА МОЌ РОКНА НА НОВАТВ : Грујо и она плаво мутле со шишки Рангелова биле ГЛАВНИТЕ РЕКЕТАРИ во случајот ,,Талир”

0
7571

Дел од осомничените во случајот „Талир“ ги дадоа првите изјави во Специјалното јавно обвинителство. Првоосомничениот, поранешниот премиер Никола Груевски, се уште не се соочи со доказите на СЈО и досега не се појави на распит.

Кој е дел од мрежата во „Талир“?

Никола Груевски во овој случај на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари е осомничен како организатор на криминалната група составена од луѓе од врвот на партијата, кои во периодот од 2009 до 2015 година искеширале незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра.

Потоа за да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.vmro-dpmne-talir-768x768

Главна улога во лажните уплати, според информациите на НОВА ТВ, имала Даниела Рангелова, која во тој период беше советник во општина Центар. Според доказите на СЈО, Рангелова на членовите на партијата им давала бланко уплатници на кои тие ги внесувале имињата и ставале потпис. А, потоа на уплатниците биле пишувани суми на пари кои наводно членството на име донации ги уплатувало на сметката на партијата.

Рангелова во петокот беше повикана да даде исказ во СЈО и изјави дека „не се чувствува виновна“, а за тоа како ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со имот вреден 60 милиони евра, таа одговори: „Прашајте го тој што се стекнал“.

Дел од овие уплати биле пишувани со ист ракопис, а уплатувани во банките во рок од 20-30 секунди. Во еден ден, на пример, на овој начин биле уплатувани од 12 илјади до 30 илјади евра. Од банките до СЈО доставени се вкупно 11 886 уплатници.

Емил Димитриев, Елизабета Чингаровска и Леко Ристовски се осомничени како потписници на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ кои со лажни податоци биле доставувани до државните институции.

Илија Димовски и Иво Котевски како директори на Центарот за комуникации на партијата и Александар Бичиклиски, дел од парите ги користеле за намирување на редовните обврски и плаќање на сметки, маркетинг услуги и услуги за истражување на јавно мислење, хотелски, ресторантски и кетеринг услуги.

Најголем дел од „испраните“ пари биле вложени за купување на недвижен имот, па така во периодот од 2009 година до 2015 година биле склучени 71 договор за купопродажба на недвижен имот кој не се користи за партиски цели и нема партиски обележја.

Ова не бил единствен начин на незаконско финансирање на политичката партија и дел од истрагата на „Талир“. Според истражната постапка на СЈО, ВМРО-ДПМНЕ незаконски ја стекнала палатата „Христо Татарчев“, во која е сместено седиштето на партијата.

За вложени милион и 250.000 евра ВМРО-ДПМНЕ од градежната фирма „Бетон“ добила пари и недвижен имот во вредност од речиси 9 милиони евра, а разликата СЈО од 7,8 милиони евра ја смета како незаконска донација на фирмата кон партијата.

За склучување на ваквиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Бетон“ осомничени се Миле Јанакиески, Билјана Бришкоска – Бошковски и Илија Ристовски.

Јанакиески во петокот беше на распит во СЈО и е зачуден дека го повикале за „еден параф на некаков си договор“. Тој рече дека овој случај е уште една хајка на СЈО против врвот на партијата.

Во злосторничкото здружување на Груевски осомничени се и поранешните секретари на партијата Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. Протоѓер во „Талир“ е второосмничен. Тој го склучил договорот за соинвеститорство со „Бетон“.

Извор : НоваТВ