МАКЕДОНИЈА СТАНА КОНЕЧНО ДРЖАВА ЗА ПОЧИТ И ВО ДРУШТВО СО НАЈГОЛЕМИТЕ ЗЕМЈИ : Заев со сопругата на гости кај британскиот премиер Џонсон

0
208

Премиерот Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, е во Лондон, на Самитот на НАТО.

-“Downing 10” синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, напиша Заев на фејсбук.

Тој на фејсбук објави и фотографии од кои едната е покрај новогодишна елка, а тој во раката држи лампион на кој го пишува името на државата, Северна Македонија.